Центарот за телесно здравје ПЕТРЕСКИ постои веќе 7 години, од неодамна во нови простории и нов амбиент.

Со оглед на тоа во какво динамично и стресно време живееме, кога технологијата расте со светлосна брзина, веќе голем дел од луѓето имаат болки во одреден дел на телото. Тоа се рефлектира и врз расположението и насмевката кај луѓето. Затоа ние во целост ќе ви ја вратиме насмевката на Вашето лице. Тоа е и целта за што постоиме веќе седум години, одржување на телесното здравје и нега на тело, и да им се овозможи на клиентите да се збогуваат со болките што не смеат да бидат составен дел од нивниот живот.

Да добијат професионална медицинска масажа и услуга во делот на физиотерапијата, за совршено телесно здравје. Во нашиот центар ќе добиете професионално третирање на секаков вид  на мускулна болка, постоперативно третирање, главоболки, вкочанетост…