
Како викаат “Ако вежбањето е твојот живот, масажата треба да ти биде награда„. Кога се спортува масажата не е превентивна, таа е составен дел од процесот на вежбање. Масажата треба да ни биде култура на живеење и составен дел од животот. Со тоа се подобрува работоспособноста на луѓето, се подобрува расположението и најбитниот момент е да живееме без болка. Сите знаеме дека зад секој успешен спортист стои цел тим на физиотерапевти кои се грижат за неговото здравје, односно за состојбата на неговото тело.